„Ол-раунд“ натпревар на Андреј Магдевски недоволен за победа на Плоешти

Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски и неговиот Плоешти се елиминирани од Купот на Романија откако претрпеа пораз и во вториот натпревар од двомечот против Сибиу, овој пат со 65-80.

Репрезентативниот бек одигра нов одличен натпревар кој го заврши со 10 поени со реализација 4/6 од поле и 2/2 од линијата за слобони фрлања. Покрај тоа Магдевски додаде и седум скока, шест асистенции и три украдени топки за комплетирање на „ол-раунд“ изведбата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by United Hoops (@unitedhoopsro)

Се вчитува...