ОЛ-СТАР 2025: Одигран мечот меѓу најголемите македонски надежи, прогласени и најдобрите во младинските лиги (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Точно напладне стартуваше „Ол-Стар“ денот во македонската кошарка со ревијалниот натпревар меѓу најголемите надежи на домашниот спорт.

Во мечот меѓу двата тима на најголемите македонски кошаркарски надежи триумфираше тимот на „Следниот чекор“ против тимот на „Следната генерација“ со 131-125.

Во меѓувреме беа прогласени и најдобрите во 2025 година во младинските лиги, во машка и во женска конкуренција.

Исто така се одржаа и натпреварувањат во забивање и шутирање тројки. Најдобар во шутирање тројки беше Глигориј Ѓорѓевиќ од Вардар, а најдобар во забивање – Дамјан Стојаноски од Феникс 2010.

За МВП на лигата до 20 години е избран Дамјан Данев од Вардар.

Централниот настап на „ОЛ-стар 2025“ кој Кошаркарската федерација го реобновува по подолго време едуелот меѓу Тимот „Македонија“ против тимот „Свет“, вечерва од 18.часот, со директен пренос на МРТ 3, во обид да покажат кој од нив е подобар во овој момент, во обновеното издание на Ол-стар натпреварот во организација на Македонската кошаркарска федерација.

Се вчитува...