Олатубонсон е ново засилување за Арсими

Дебитантот во првата македонска фудбалска лига Арсими продолжува со составувањето на тимот за премиерната сезона во ПМФЛ.

Арсими вечерва го официјализираше трансферот на Сикиру Оканлавон Олатунбосун, квалитетен напаѓач кој доаѓа од Нигерија.

Нигериецот, кој ја започна својата кариера во својот роден град играјќи за МФМ ФК, играше и во Турција за тимови како Анкараспор, Менеменспор и Тузласпор, во Египет за Смуха СЦ, а во нашата земја играше за Воска Спорт.

„Станува збор за 27-годишен напаѓач кој ќе му даде уште поголема вредност на жолто-црниот напад! Добредојде, Оли!“, стои во соопштението на Арсими.

Се вчитува...