ОЛД ФИРМ ДЕРБИ: Селтик го совлада Ренџерс и се доближи до титулата (ВИДЕО)

Селтик ги освои бодовите во дуелот против вечниот ривал Ренџерс и се доближи до титулата во Шкотска. Селтик во интересен и драматичен натпревар, на крајот славеше 3-1.

Фурухаши во 27. минута донесе предност за Селтик, за да ја анулира Таверние во 45. минута.

Фурухаши повторно донесе водство за Селтик во 63. минута, а Жота зголеми на 3-1 во 73. минута. Таверние во 79. минута намали и донесе драматична завршница.

Сепак, Селтик успеа да ја задржи предноста, и да ја зголеми на 12 бодови разликата на табелата во Шкотска.

Се вчитува...