„Олд трафорд“ стана руина, а Глејзери мирно спијат (ВИДЕО)

Проблемите на Манчестер јунајтед не се одразуваат само на теренот и на резултатите оваа сезона. Навивачите ги повикуваат (омразените) сопственици да инвестираат пари во клубот.

Манчестер Јунајтед загуби од Кристал Палас викендов на „Олд Трафорд“, во натпреварот од седмото коло на Премиерлигата. Гостите славеа со минимален резултат, а тоа беше 11. примен гол за тимот на Ерик тен Хаг сезонава.

На социјалните мрежи од саботата кружи видео на кое јасно се гледа дека покривот на стадионот прокиснува, што предизвика дополнителен гнев кај навивачите.

„Денес беше влажно на „Олд Трафорд“. Глејзери би можеле да инвестираат малку и во поправка на покривот“, вели еден фан чие видео стана вирално.

Се вчитува...