„Олд Трафорд“ тоне ли тоне, преполн е со глувци

Манчестер Јунајтед ги живее едни од најтешките години, поготово во поновата историја. Легендарниот англиски клуб веќе со години мака мачи со резултати, а ништо подобро не е ниту во домот наречен „Олд Трафорд“.

Според последните информации на англиските медиуми легендарниот стадион е дувло на глувци и е преполн со измет поради што во последното рангирање за санитација доби оцена „двојка“. Проблемот на стадионот се темели и на местоположбата бидејќи е меѓу канал и железничка пруга па глувците, поготово во зимскиот период во потрага по потопла средина се преселуваат на стадионот.

Но, се темели и на невложувањето во инфраструктурата. Поранешните сопственици, фамилијата Глејзер воопшто не обрна внимание на стадионот за што говореше и самиот Кристијано Роналдо, кој при камбекот на „Олд Трафорд3 откри дека условите не се променети откако тој замина во Реал Мадрид во 2009 година.

Се вчитува...