„Олд Трафорд“ заминува во историјата: Манчестер Јунајтед го добива најмодерниот стадион во Англија

Манчестер Јунајтед влегува во нова ера во клупската историја под раководство на богатиот Британец Сер Џими Ретклиф. Очекувањата на навивачите се дека со неговото превземање тимот ќе ја врати старата слава, но и дека подобрите денови нема да се однесуваат само на првиот тим.

Еден од новитетите кои се очекува да ги доби овој славен англиски клуб е и нов дом до 2030 година. Популарниот „Олд Трафорд“ кој беше тема на потсмев поради лошата и дотраена инфраструктура заминува во историјата, а се очекува да биде заменет со ултра модерен стадион кој ќе го земе приматот на најголем стадион во Англија, надминувајќи го „Вембли“.

Англиските медиуми веќе шпекулираат со можниот изглед кој се очекува да биде по инспирација на „СоФи“ стадионот во Инглвуд, Калифорнија кој интересно е во сопственост на газдата на Арсенал, Стен Кроенке и каде Манчестер Јунајтед неодамна се сретна со Арсенал во подготовките за новата сезона.

СоФи“ стадионот беше изграден за сума од 5.5 милијарди евра. Има капацитет од 72 илјади седишта со можност да се зголеми овој број до 100 илјади места.

 

Се вчитува...