„Олдтајмерите“ на Севилја се запишаа во историјата на Лигата на шампиони

Натпреварот помеѓу Севилја и ПСВ во Лигата на Шампиони влезе во историјата на најсилниот фудбалски шампионат со најмногу „олдтрајмери“ кои настапија на теренот од првата минута кога станува збор за еден клуб.

Шпанскиот состав на теренот истрча со Серхио Рамос (37 години), Хесус Навас (37 години), Фернандо (36 години) и Иван Ракитиќ (35 години) што се случува само втор пат во историјата, но четворката на Севилја во збирот на годините е постара од онаа на првиот ваков натпревар кој се одигра во 2007 година, а на теренот се сретнаа Росенборг и Шалке 04.

Средбата помеѓу холандскиот и шпанскиот тим во Ајндховен заврши со реми од 2-2 благодарение на голот на Тезе во 95. минута.

Се вчитува...