Олеснување – И капитенот го стартува мечот со Украина

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски (ФОТО)

Капитенот Горан Пандев сепак е во стартниот тим на Македонија за мечот против Украина во 2. коло од Ц групата на Европското првенство 2020.

И покрај тоа што Пандев не го издржа загревањето до крај, па предвреме мораше да се повлече во соблекувалната на националната арена во Букурешт. Со гримаси на лицето Пандев загрижен истрча кон соблекувалната пред да заврши комплетното загревање, а по него и селекторот Игор Ангеловски.

Сепак, и покрај малите проблеми на загревањето Пандев ќе „стегне заби“ како би им помогнал на своите соиграчи.

 

Се вчитува...