Првиот човек на македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи, Олгун Ајдин објави дека се повлекува од клубот кој го презеде во 2018 година.
Во продолжение ви го пренесуваме соопштението од ФК Шкупи:
„Претседателот Олгун Ајдин најави заминување од Шкупи преку заедничка вечера со своите вработени. Истиот предупреди на такво нешто веднаш по мечот со Вардар, а тоа веќе ја доби вистинската форма. Олгун Ајдин го презеде клубот од Скопје во 2018 година, а веќе во првата сезона обезбедивме излез во Европа. Со Олгун Ајдин како претседател, Шкупи покрај тоа што играше пет последователни сезони во Европа, во 2022 ја освои шампионската титула, враќајќи го трофејот на Чаир по 21 година. Ова се бројките кои говорат за успесите на нашиот клуб под водство на претседателот Олгун Ајдин, кој во понеделникот преку видео снимка го најави своето заминување“, стои во соопштението на Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА