Олимпиакос се засили со кошаркар од Париз

Олимпијакос веќе почна да гради тим за следната сезона, по фајналфорот во кој неочекувано беше елиминиран во полуфиналето.

„Црвено-белиот“ тим од Пиреја го доведе Тајсон Вард, кој сезонава го носеше дресот на Париз, најголемото изненадување во Евролигата.

Според информациите од Грција тој треба да заработува 750.000 евра по сезона. Американскиот центар за 26 минути имаше просек од 11 поени, 4,9 скока, 1,3 асистенции и 0,9 украдени топки.

Тој пристигна во Европа во 2020 година веднаш по завршувањето на колеџот. Пред Париз играше за германските клубови Вирцбург и Бон.

Се вчитува...