Велосипедистот Метју Ричардсон (25) освои медали за Австралија на Олимписките игри во Париз, но сега е казнет доживотно бидејќи менува држава.
Ричардсон е роден во Мејдстон, Кент, Англија во 1999 година. Кога имал девет години, неговото семејство емигрирало со него во Австралија. Таму ја започна својата кариера како велосипедист – и беше исклучително успешен.
На Олимписките игри во Париз, Ричардсон дури освои два сребрени медали и еден бронзен медал. Набргу по завршувањето на игрите дојде шокот: Ричардсон објави дека отсега сака да се натпреварува за родната Велика Британија!
„Истрагата, која вклучуваше темелен преглед на постапките на Ричардсон, заклучи дека тој постапил на начин што не е во согласност со вредностите на федерацијата на Австралија, австралискиот национален тим и пошироката велосипедска заедница“, соопшти здружението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА