Дејан Георгиевски како најнов македонски спортист со обезбедена А норма за учество на ОИ во Токио денеска беше примен од страна на Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.
„Дејан покажа дека имаме спортисти за големи натпреварувања и секој негов чекор до Токио, како и целокупниот престој во Токио ќе биде помогнат од Агенцијата за млади и спорт“, истакна Мојсовски.
Самиот Георгиевски уште еднаш ја потенцираше големата желба, во Токио да оствари историски успех со освојување на олимписки медал за Македонија.
„Мотивот на квалификациониот турнир беше огромен, што резултираше со победа над Азербејџанецот, олимписки и светски првак во таеквондо, што ја зголемува мојата самодоверба за Токио и желбата од таму да се вратиме со медал, кој може да биде и златен“, истакна Георгиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА