Искусниот американски кошаркар Лоренцо Браун мака мачи со повреди оваа сезона со што раководството на италијанскиот евролигаш се одлучи да доведе нов плејмејкер на негово место, пренесуваат италијанските медиуми.
Шпанскиот репрезентативец го пропушти стартот на сезоната, а откако се врати на теренот по двемесечна пауза заработи нова повреда на рамото поради која го очекува нова долга пауза.
Со оглед на тоа што има 35 години Олимпија нема да чека тој да се врати во форма и веќе тргна во потрага по неговата замена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

