Олимпија и капитенот остануваат заедно до 2027 година (ФОТО)

Олимпија Милано по разочарувачката сезона ќе има потполно нов изглед за предизвиците кои следат. Во италијанскиот евролигаш се очекуваат ѕвездени засилувања како веќе ангажираниот Марко Гудуриќ, но како и претходните кошаркари и новите ќе имаат ист капитен.

Миланскиот тим официјално ја продолжи соработката со капитенот Пипо Ричи кој доби нов договор до крајот на сезоната во 2027 година со што воедно ќе означи и шестгодишна соработка со „црвено-белите“.

Ричи од 2021 година досега освои три титули со Олимпија Милано во домашното првенство, како и еден Куп и Суперкуп.

Се вчитува...