Олимпија Милано без Диоп најмалку месец дена

Олимпија Милано најмалку три до четири недели ќе биде без услугите на Усман Диоп кој заработи повреда на натпреварот против Жалгирис во кој литванскиот тим успеа да стигне до триумф и покрај тоа што имаше голема негатива.

Дваесетичетиригодишникот кој ја покрива позицијата крилен центар мораше да го напушти теренот во третата четвртина, а по деталните прегледи утврдено е дека не станува збор за скршеница на зглобот.

Повредата на Диоп кој во досегашниот дел од сезоната бележи просек од 6.0 поени и 4.3 скокови ќе биде повторно проценета по месец дена

Се вчитува...