Олимпија Милано не запира со засилувањата: Потпиша и доскорешен соиграч на Јокиќ од Денвер

Олимпија Милано имаше разочарувачка сезона, но управата на италијанскиот гигант тргна во офанзива летово за да состави конкурентен ростер со кој оваа екипа ќе се врати на тронот во татковината, но и ќе се бори за висок пласман во Евролигата.

Во тој правец, денеска беше претставено и петтото засилување на Милано летово, откако по Девин Букер, Лоренцо Браун, Квин Елис и Марко Гудуриќ, договор со тимот предводен од Еторе Месина потпиша и Влатко Чанчар.

Станува збор за крилен центар со богато искуство кој доаѓа од НБА-лигата, каде настапуваше крај Никола Јокиќ во дресот на Денвер нагетс. Словенечкиот репрезентативец не криеше дека посакува да се врати во Европа, а од неколкуте понуди на маса ја избра онаа на Олимпија Милано, потпишувајќи повеќегодишен договор со италијанскиот кошаркарски гигант.

Се очекува Милано во најскоро време да доведе уште еден нов кошаркар, и тоa ветеранот Данстон кој би требало да пристигне од Жалгирис и да донесе искуство на центарската позиција.

Се вчитува...