Олимпија Милано се засили и со Девин Букер

Американскиот кошаркар Девин Букер е нов член на Олимпија Милано, објави италијанскиот евролигаш. Како што беше објавено, 34-годишниот кошаркар потпиша договор со челниците на Олимпија до јуни 2027 година.

Букер пристигна во Олимпија од Баерн Минхен. Претходно играше за Фенербахче и Химки. Американецот моментално е четвртото засилување на Олимпија ова лето.

Пред него во италијанскиот град пристигнаа Марко Гудуриќ, Лоренцо Браун и Квин Елис.

Се вчитува...