Сите натпревари во Евролигата вечерва беа на некој начин неизвесни, со многу пресврти и многу добри акции и кошеви, меѓутоа најнеизвесно беше во Милано, каде што домашниот тим Олимпија со подобар финиш го совлада тимот на Алба.
Натпреварот беше резултатска „нишалка“, двата тима често се менуваа во водството, за на крај домашните стигнат до победата од 82-76.
Првиот период го добија гостите со +1, а вратија домашните и на полувреме тие заминаа со предност од два разлика. Во третиот период беше израмнето, а возбудливо и неизвесно беше и во финишот, но на крајот Милано стигна до победата.
Мели ја донесе победата со 16 поени, додека Флачадори и Хал постигнаа по 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА