Олимпијакос бара од Евролигата да го казни Кендрик Нан

Олимпијакос испрати официјална жалба до Евролигата за гестот на бекот на Панатинаикос, Кендрик Нан на дерби натпреварот од 29. коло во најсилното европско кошаркарско првенство.

Американецот не одигра добар натпревар, се мачеше со реализацијата па при забивање во второто полувреме не успеа да ги контролира емоциите покажувајќи среден прст на двете раце кон навивачите.

Ова не е единствената желба за натпреварот. Панатинаикос официјално се пожали за судењето на средбата, а тензии имаше и помеѓу тренерите Јоргос Барцокас и Ергин Атаман.

Се вчитува...