Олимпијакос се наоѓа на врвот на евролигашката табела, но грчкиот гигант во следната рунда го очекува сериозен предизвик – дуел против тимот на Партизан кој се наоѓа во извонредна форма.
Тренерот Барцокас се соочува со сериозни проблеми на плејмејкерската позиција откако двајца стандардни кошаркари отпаднаа од комбинација за дуелот со Партизан. Томас Вокап веќе извесно време е повреден, а на последниот меч со Виртус Болоња се повреди и Најџел Вилијамс Гол. Поранешниот кошаркар на Партизан има проблеми со скочниот зглоб и ќе мора да отсуствува најмалку една седмица, па речиси сигурно ќе го пропушти дуелот со својот поранешен клуб.
Во една таква ситуација, се очекува да дебитира Сејбан Ли, поранешниот кошаркар на Макаби кој пред самиот крај на преодниот рок потпиша за Олимпијакос од редовите на Маниса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА