Олимпијакос без двајцата најдобри играчи против Жалгирис

Олимпијакос ќе биде сериозно ослабен за претстојниот меч со Жалгирис во Евролигата откако беше обелоденето дека Саша Везенков и Никола Милутинов воопшто нема да патуваат со тимот за Литванија.

Милутинов се доби со скршеница на палецот на турнирот од Купот на Грција, повреден настапи на финалето со ПАО, но лекарите оценија дека ризикот е преголем, па српскиот центар ќе мора да одмори извесен период. Што се однесува до Везенков, бугарскиот суперстар се пожали на болка во грбот по поразот од Панатинаикос во куп-финалето, по што му беше препорачано мирување и тој дефинитивно нема да може да настапи против Жалгирис.

Везенков и оваа сезона е лидерот на Олимпијакос со просек од 19,3 поени и 6,9 скокови по натпревар. Милутинов исто така игра во импресивна форма, со просек од 20,6 индексни поени по натпревар во Евролигата, и тоа со минутажа од скромни 22 минути по меч во елитното европско кошаркарско натпреварување.

Се вчитува...