Олимпијакос ќе биде сериозно ослабен за вечерашниот дуел од Евролигата во кој грчкиот гигант ќе му гостува на актуелниот европски првак Фенербахче.
Никола Милутинов, кој е најдобар според просекот на индексни поени во грчкиот тим, поради повреда нема да може да му биде на располагање на тренерот Барцокас. Стратегот на Олимпијакос вчера обелодени дека српскиот центар е повреден, за денеска да биде објавено дека Милутинов дефинитивно нема да може да настапи против Фенербахче.
Во тимот ќе го нема ниту Тајрик Џонс, кој вчера го комплетираше трансферот од редовите на Партизан, па Барцокас како класични центри ќе ги има Хол и Адетокумбо.
Никола Милутинов има просек од 11 поени и 7,7 скокови по натпревар сезонава во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

