Олимпијакос доаѓа во Охрид на местото на Вардар

Грчкиот гигант Олимпијакос е последниот учесник на ракометниот турнир „Крсте Андоновски“ што ќе се одржи од 23 до 26 август во Охрид. Охриѓани најавуваат нов ракометен спектакл, но организаторите беа принудени на промена во „пет до дванаесет“, откако РК Вардар го откажа настапот на овој турнир.

„Екипата на РК Олимпијакос, Грција, ги комплетира 8те учесници на второто издание на Меморијалниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“, што ќе се одржи од 23 до 26 август во Охрид“, објави домаќинот РК Охрид.

Предвидено е екипите да бидат поделени во две групи, и тоа:

Група А: ГРК Охрид, Бешикташ, ГА, Олимпијакос

Група Б: Еурофарм Пелистер, Металопластика, Татран Прешов, Бутел

Предвидено е турнирот да почне на 23 август и да биде отворен со дуелот меѓу Бешикташ и ГА, а во вечерната програма од премиерниот ден да се сретнат Охрид и Олимпијакос.

Се вчитува...