Олимпијакос донесе принудно засилување во битката под обрaчите

Евролигашкиот вицешампион Олимпијакос се соочува со огоромни проблеми сред тешката сезона откако остана без услугите на двајцата центри Мустафа Фал и Никола Милутинов. Повредите на Французинот и Србинот го приморија грчкиот тим на изненадно засилување.

Станува збор за Американецот Мосес Рајт кој зад себе има и НБА искуство, а во грчкиот првак доаѓа по пет одлични натпревари за турскиот прволигаш Мрекежефенди каде забележа просек од 26.4 поени и 8.4 скокови при реализација од 62.5 отсто од поле. 25-годишникот потпиша договор од година и пол и ќе остане во клубот до крајот на следната сезона.

Се вчитува...