Олимпијакос го наполни кошот на европскиот првак

Фенербахче повеќе од два месеца не знаеше за пораз во сите натпреварувања, но европскиот првак сега врза два неуспеси во низа, губејќи на гостувањето против Олимпијакос со убедливи 104-87. „Црвено-белите“ имаа три порази во низа во Евролигата од турскиот гигант, но тоа послужи како инспирација за тимот на Барцокас да одигра перфектен напад и заслужено да слави убедлива победа.

Вокап и Везенков се вратија по повредите и нападот на Олимпијакос веднаш доби на сигурност, но прва виолина во овој убедлив триумф беше Фурние. Францускиот репрезентативец беше незапирлив за кошаркарите на Фенер, реализирајќи рекордни за него во Евролигата 36 поени.

Везенков имаше 24 поени за Олимпијакос, додека најдобар поединец кај Фенербахче беше Хортон Такер со 30 поени, 6 скока и три асистенции.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...