Олимпијакос го носи Миротиќ, Панатинаикос добива засилување од НБА

Само неколку часа после заминувањето на Саша Везенков во Сакраменто, Олимијакос веднаш тргна по нови кошаркари. На „мета“ е досегашниот играч на Барселона, Никола Миротиќ.

Миротиќ добил понуда од клубот од Пиреја од 6 милиони евра за двегодишен договор. За него има интерес и од Црвена Звезда.

И ривалот на Олимпијакос, Панатинаикос сака дополнително да ги засили своите редови. После Костас Адетокумбо, Димитрис мораитис, Лука Вилдоза и Матијас Лесор, Панатинаикос работи на доведување на НБА играч.

Станува збор за Брин Форбс, ко ј во последните седум сезони е дел од најсилната кошаркарска лига. Сега топката се префрла кај тренерот Атаман кој треба да даде зелено светло за ангажман на овој кошаркар.

Се вчитува...