Олимпијакос го освои Мадрид, Србија дефинитивно не е земја на кошарката

Олимпијакос славеше на гостувањето кај Реал Мадрид со87-89 во натпревар од 3. коло во кошаркарската Евролига. Двата европски гиганти одиграа еден израмнет натпревар во кој пресуди поголемата концентрација на гостите во самиот финиш. Везенков со 23 поени го предводеше гостинскиот тим до победа, додека кај домаќините Муса заврши со 17.

Србија и дефинитивно не е земја на кошарката. По трагедијата која им се случува последните години во репрезентацијата иако се најавуваше и напад на највисоките места Црвена Звезда и Партизан се уште се без победа и по три кола и се заковани на дното на табелата заедно со Баерн Минхен. Звезда вечерва како и Партизан минатата недела загуби на гостувањето кај Басконија со убедливи 92-75. Хауард со 30 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Митровиќ заврши со 17.

Во последниот меч од денешната понуда Алба Берлин го декласираше Панатинаикос со 94-65.

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...