Грчкиот кошаркарски гигант Олимпијакос го презентираше Дејвид Блат како нов тренер. Тој потпиша двегодишен договор откако клубот претходно се раздели со Јанис Сфаиропулос.
Блат изминатите две сезони беше на кормилото на турскиот клуб Дарушафака, со кој го освои трофејот во Еврокупот. Тој во својата колекција има и пехари од Евробаскет (2007 со Русија), Евролигата (2014 со Макаби Тел Авив), како и бронзен олимписки медал со Русија во 2012 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА