Поранешниот фудбалер на Манчестер сити, Барселона и на Монако, Јаја Туре, е претставен како ново засилување за грчкиот клуб Олимпијакос. Клубот од Пиреја сака да си го врати приматот во грчкиот фудбал и се реши да го доведе искусниот играч за врска.
Тој на стартот од својата кариера го носеше дресот на Олимпијакос и сега го одржа ветувањето дека еден ден ќе се врати во „црвено-белите“ редови.
„Чест е да се носи дресот на Олимпијакос. Кога си заминав во 2006 година ветив дека ќе се вратам и многу ми е убаво што го одржав зборот. Имав многу понуди од Европа, САД и под Азија. Но, одлуката ја донесов поради специјалните релации што го имам со овој клуб. Гладен сум за нови предизвици и се надевам дека ќе имаме многу успеси со Олимпијакос“, изјави Јаја Туре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА