Олимпијакос му врачи отказ на тренерот Бесник Хаши, кој си заминува од кормилото на грчкиот првак по само три и пол месеци минати во клубот од Атина. Хаши воопшто не ги оправда очекувањата на стартот од сезоната во грчкиот шампионат, каде по поразот од 3-2 од АЕК „црвено-белите“ сега заостануваат пет бода зад водечките во домашното првенство.
На кормилото по четврти пат ќе застане Такис Лемонис, легендата на грчкиот шампион.
Навивачите и пред дуелот со АЕК протестираа барајќи смена на тренерот, а откако Олимпијакос го загуби овој дерби-меч управата на клубот реши да се раздели. 57-годишниот Лемонис се враќа во клубот откако претходната сезона присигна како замена за Пауло Бенто, па до крајот на сезоната успеа да ја донесе тилулата во домашното првенство. Црвено-белите ги очекува тежок распсред, по утрешниот двобој со Јувентус, ќе ги пречека Атромитос на домашен терен, потоа следи тешко гостување кај второпласираните Паниониос, а кон средината на октомври ги чека „невозможна мисија“ против големата Барселона на „Камо Ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА