Олимпијакос не ја повтори грешката на Панатинаикос од вчерашниот ден, па вечерва убедливо го совлада Анадолу Ефес со 87-72 за да ја одбрани предноста на домашниот терен во четвртфиналната серија од Евролигата.
„Црвено-белите“ одиграа импресивно пред се во одбраната, кога во првите дваесет минути го исфрлија од ритам гостинскиот тим. На одмор се замина со водство на Олимпијакос од 42-31, па иако Ефес во вториот дел одиграа нешто поефикасно, грчкиот гигант одговори со иста мера, па на крајот славеше со конечни 15 поени разлика.
Манцарис беше прв стрелец на победничкиот тим со 14 поени, пред Грин со 13 и Принтезис, кој оствари дабл-дабл од 11 поени и 11 скокови. Тајлер Ханикат со 17 поени беше прв стрелец на Анадолу Ефес.
Вториот натпревар од оваа полуфинална серија на програмата е в петок, повторно во Атина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА