Кошаркарите на Олимпијакос успеаја да израмнат на 1-1 во четвртфиналната серија против Жалгирис во рамките на Евролигата.
Грчкиот тим, по брејкот на Литванците во првиот меч, овој пат триумфираа пред своите навивачи со 79-68. Иако навидум убедлива победа на Олимпијакос, сепак мечот беше крајно израмнет се до последниот период од играта. Победникот го одлучи последната четвртина која домашните ја добија со 25-14 откако во неа се влезе со израмнет резултат.
Најдобар во победничкиот состав беше Џамел Меклин со 21 поен, додека Василис Спанулис дополни со 17 поени и четири асистенции. Кај Жалгирис се издвои Брендон Дејвис со 20 постигнати поени.
Следниот меч меѓу двата состави е на 24. април (вторник) во Литванија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА