Кошаркарите на Олимпијакос со минимални 84-83 го совладаа тимот на Армани Милано на гостувњето во Италија, во меч кој имаше драматична завршница. И покрај тоа што грчкиот тим имаше предност од шест разлика, сепак, Армани се доближи на само еден поен, и имаше напад за победа. Меѓутоа се посрамоти и имаше погрешно додавање што беше доволно за победа на гостите.
Везенков со 21 поен кај Олимпијакос беше најефикасен, после него Фурние постина 18 поени. Миротиќ кај домашниот тим беше најефикасен со 16 поени, а НЕнад Димитријевиќ за нешто повеќе од 16 минути на паркетот постигна седум поени.
Макаби како домаќин во Белград го победи тимот на Жалгирис со 95-78. Победата Макаби ја обезбеди во првиот дел, кгоа се стекна со 12 поени разлика, и таа предност ја одржуваше до крајот.
Хоар беше најефикасен со 23 поени кај победничкиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА