Панатинаикос и Олимпијакос одиграа уште еден меч за паметење во кој „црвено-белите“ славеа како гости во „ОАКА Арена“ со резултат 82-87. Олимпијакос тргна фуриозно и отвори со неверојатни 5-22, но Панатинаикос предводен од феноменалниот Кендрик Нан успеа да се врати, потоа и да поведе во третиот период.
Олимпијакос сепак беше подобар во завршните пет минути од мечот, успеа да се одлепи резултатски, а потоа и да го издржи последниот налет на ПАО и да стигне до третата победа во низа, која дефинитивно ќе ја зацементира улогата на тренерот Барцокас, кој беше блиску до отказ откако Олимпијакос на почетокот од декември врза порази во серија.
Нан го заврши мечот со 32 поени, но и тоа беше недоволно за триумф на „зелените“, додека најефикасни во победничкиот тим беа Везенков со 24 и Дорси со 21 поен.
Фенербахче ја забележа третата победа во низа, петта на последните шест меча откако актуелниот европски првак славеше на гостувањето против Басконија со 93-108. Нападот на турскиот гигант функционираше беспрекорно, а најефикасни беа Болдвин со 24 и Мели со 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

