Олимпијакос ја доби „грчката војна“ против Панатинаикос во 16. коло од Евролигата славејќи во големата дерби пресметка со 79-65.
Во одличен меч со многу динамика, атрактивни поени и извонредна атмосфера, Панатинаикос е тој кој ги контролираше и играта и резултатот од почетокот до крајот. На полувремето „црвено-белите“ стигнаа до предност и од 16 поени разлика (41-25) по што веќе се навестуваше победникот.
Се во второто полувреме беше само рутина за конечна победа на Олимпијакос кој стигна и до десеттата своја победа во Евролигата.
Најефикасни во победничкиот тим беа Никола Милутинов и Јанис Стрелникс со по 18 поени. Милутинов имаше и неверојатни 18 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА