Нов скандал во грчкиот фудбал. По големиот број инциденти, од кај нашиот јужен сосед сега доаѓа информацијата дека славниот Олимпијакос го распуштил целиот сениорски тим и до крајот на сезоната ќе игра со младинци. Ваква одлука во Македонија, иако не толку драстична, донесе македонскиот првак Вардар, но само за два натпревари, против Силекс во првенството и против Шкендија во Купот.
Сопственикот на Олимпијакос, контроверзниот Евангелос Маринакис, ја казни екипата со 400.000 евра поради недоволно залагање и слаби резултати, по што дефинитивно остана без титула. Покрај тоа, одлучи и да ги отпушти најголемиот дел од фудбалерите од сениорскиот тим.
„Ќе почнам да градам еден нов Олимпијакос, и ќе биде како што јас го сонувам. Навивачите и јас не сакаме веќе да толерираме фудбалери кои не сакаат да се залагаат максимално за клубот. Вие размислувате само за убави куќи и брзи автомобили и не играте фудбал. Затоа, одете на одмор“, им порача сопственикот на Олимпијакос на фудбалерите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА