Олимпијакос ќе го враќа Милутинов со милионски договор

Никола Милутинов по три години поминати во ЦСКА Москва би можел да се врати во соседството каде постои сериозен интерес, но и конкрента понуда од Олимпијакос вредна 2.8 милиони евра за две сезони, пренесуваат грчките медиуми.

Српскиот центар по одличните настапи за Партизан доби шанса за врвна кошарка во Евролигата токму во дресот на Олимпијакос, а по петте години поминати во „црвено-белите“ бои се пресели во главниот град на Русија каде оваа сезона за жал не успеа да им ја донесе титулата на ЦСКА и Рајковиќ во ВТБ.

Во Милутинов Олимпијакос гледа на последно парче од сложувалката за атак на евролигашката титула која и оваа сезона не беше освоена во големото финале каде на патот на Грците застана Реал Мадрид.

Се вчитува...