Олимпијакос со извонредно издание го совлада големиот ривал Панатинаикос (76-74) во големото грчко дерби во Евролигата, со што „црвено-белите“ уште повеќе се зацврстија на чело на евролигашката табела. „Црвено-белите“ од самиот почеток одиграа импресивно, уште во првата четвртина успеаја да стигнат до двоцифрена предност, контролирајќи го резултатот до пет минути до крајот, кога „зелено-белите“ почнаа со извонредна серија со која стигнаа до „минус два“, имаа и шут за победа, но обидот за тројка на Слукас со звукот на сирената беше непрецизен.
„Црвено-белите“ ја добија првата четвртина со 20-9 и ја одржуваа двоцифрената предност (во еден момент имаа и плус 19) до завршните пет минути, кога ПАО конечно влезе во серија и со тројката на Нан дојде на 76-72 на помалку минута до крајот.
Олимпијакос веќе не делуваше така сигурно во своите напади, ПАО намали на 76-74, а по промашувањето на Милутинов во рекетот гостите добија и напад за победа. Слукас презеде одговорност, шутна за тројка, но искусниот бек не беше прецизен и европскиот првак претрпе нов пораз во елитното европско натпреварување оваа сезона.
Везенков со 19 и Вилијамс-Гос со 14 поени беа најзабележителни кај победничкиот тим, кај ПАО најефикасен беше Митоглу со осум поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА