Олимпијакос преполовен на мегдан со Алба

Олимпијакос ќе биде драстично ослабен за претстојното гостување во Евролигата против Алба, меч на кој „црвено-белите“ од Атина мораат да слават ако сакаат да го искористат вчерашниот пораз на Фенербахче и да се вратат на чело на евролигашката табела.

Алба е еден од најслабите тимови во Евролигата и јасно е дека грчкиот гигант ќе ја има фаворитската улога, но нема да биде лесно таа да се оправда ако се знае дека тренерот Барцокас нема да може да смета на половина тим. Така, Олимпијакос во своите редови ќе ги нема двајцата најдобри центри откако Фал и Милутинов останаа во Атина, во тимот ќе го нема ниту Томас Вокап кој подолго време е повреден, но и Лука Вилдоза. Покрај овој квартет, за Берлин не отпатува ниту еден од лидерите на тимот, Еван Фурние, кој има повреда.

Единствена добра вест за „црвено-белите“ од Атина е што зелено светло за деби во Евролигата во дресот на Олимпијакос доби Кинан Еванс, американскиот поентер кој потпиша од Жалгирис, но поради тешката повреда на коленото мораше да чека на својот премиерен дуел во дресот на грчкиот гигант.

Се вчитува...