Олимпијакос „раскина“ со екс кошаркарот на Црвена Звезда: Во Белград сонуваат за камбек

Олимпијакос официјално објави дека постигнал договор за раскин на соработката со Лука Вилдоза, аргентинскиот кошаркар кој помина само една сезона во редовите на грчкиот евролигаш бележејќи скромен просец од 4.8 поени, 2.7 асистенции и 1.5 скокови по натпревар.

Веста со радост ја пречекаа навивачите на Црвена Звезда кои сакаат аргентинскиот кошаркарски магионичар да се врати назад во Белград каде со голем успех настапуваше во сезоната 2022/23 пред да премине во Панатинакос, но мала е веројатноста дека ќе дојде до камбек во главниот град на Србија.

Дваесетидеветгодишниот бек се поврзува со трансфер во Виртус Болоња. Според „Еврохупс“ тој е блиску до реализација и наскоро се очекува да биде и официјализиран.

Се вчитува...