Преодниот рок за евролигашките трансфери истече вечерва, а Олимпијакос буквално во „пет до дванаесет“ успеа да договори уште еден фантастичен трансфер со кој грчкиот гигант уште повеќе ја истакна кандидатурата за искачување на врвот на кошаркарска Европа.
Нов играч на Олимпијакос од денеска е Сејбан Ли, извонредниот американски плејмејкер кој потпиша договор со „црвено-белите“ од Атина до јуни 2027 година. Ли на почетокот од сезонава потпиша за Макаби и одигра осум средби во Евролигата за израелскиот гигант, постигнувајќи по 12 поени и 2,5 асистенции по натпревари.
Тој си замина од клубот поради безбедносната ситуација во Израел и потпиша за Маниса во турското првенство, каде на 12 одиграни средби имаше просек од 18,7 поени и 6 асистенции по натпревар. Олимпијакос беше во потрага по експлозивен бек за клучниот дел од сезоната, Ли се наоѓаше на врвот на листата со желби на тренерот Барцокас, по што управата на „црвено-белите“ се согласи да ја плати клаузулат аод 550.000 евра за откуп на неговиот договор со Маниса.
Во последниот ден од преодниот рок активен беше и европскиот првак Панатинаикос, кој ги реализираше најавите за ангажман на поранешниот центар Тибор Плајс, како решение за кризата со високи кошаркари по повредите на Лесор и на Јуревцен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА