Олимпијакос тргна по ѕвездата на Жалгирис, експресно доби негативен одговор

Литванскиот евролигаш Жалгирис нема намера да остане без услугите на својот најдобар кошаркар Силван Франциско па понудата на Олимпијакос за откуп на неговиот договор експресно била одбиена.

Грчкиот тим е во потрага по нов плејмејкер откако Најџел Вилијамс-Гос замина од клубот, и тоа интересно во литванските редови, но замената за Американецот нема да дојде од Литванија.

Франциско минатата сезона беше лидер на „зелените“ во Евролигата бележејќи просек од 12.6 поени и 3.9 асистенции за 25 минути поминати на теренот.

Се вчитува...