Олимпијакос влезе во победничка серија во Евролигата

Олимпијакос ја надмина резултатската криза, па „црвено-белите“ од Атина ја забележаа и четвртата победа во низа во Евролигата, триумфирајќи на гостувањето против Анадолу Ефес со резултат .

Неиграњето на Никола Милутинов поради потрес на мозокот не остави преголема трага во играта на грчкиот гигант, кој од самиот почеток се одлепи резултатски и имаше солидна предност. На одмор се замина со 31-48 за Олимпијакос, но гостите од Атина постигнаа само десет поени во третиот период (20-10), по што Ефес се врати во ритам.

Сепак, во клучните моменти грчкиот тим имаше повеќе расположени играчи во своите редови и ја осигура победата, додека ова беше петти евролигашки пораз во низа за Ефес, за зголемување на главоболките на Пабло Ласо.

Везенков беше прв стрелец со 19 поени, по 11 реализираа Фурние и Дорси, додека најефикасен кај Ефес беше Доужер со 16 поени.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...