Новото коло во Евролигата за Партизан носи тешко гостување во Атина против Олимпијакос, натпревар на кој избраниците на Жељко Обрадовиќ ќе имаат и потешка задача да стигнат до победа со оглед на тоа што за домаќинот ќе дебитира Сејбан Ли.
Американецот го засили грчкиот тим во последните моменти од преодниот рок во елитното кошаркарско натпреварување, а дебито ќе го има во петочниот натпревар, потврди тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас.
„Сметам на Ли. Одработи два индивидуални тренинзи. Сега ќе се приклучи на првиот тим и ќе биде големо олеснување за бековите. Очекувам да биде меѓу кошаркарите кои ќе настапат на следниот натпревар“, изјави Барцокас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА