Олимпијакос заврши прв во Евролигата, Реал потклекна во Тел Авив, Фенербахче обезбеди плејоф

Кошаркарите на Олимпијакос завршија на првото место по регуларниот дел од натпреварувањето во Евролигата, откако во последното коло триумфираа против Басконија со 86-78, а искористувајќи го и поразот на Реал Мадрид во Тел Авив.

Реал загуби по продолжение од Макаби Тел Авив со 100-96, па на крајот од втората позиција ќе го очекува плејофот во Евролигата, во која на третото место заврши Барселона.

Најефикасен во победата на Макаби беше Лоренцо Браун со 22 поени, а на Реал не му помогна ниту одличната партија на Гершон кој мечот го заврши со 25 поени и девет скока.

Се вчитува...