Олимпијците може да здивнат: Бесплатните кондоми доаѓаат денеска

Организаторите на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина ветија денес дека ќе ги надополнат залихите од бесплатни кондоми за спортистите откако почетните залихи во олимписките села неочекувано исчезнаа поради зголемената побарувачка, соопшти организацискиот комитет.

Залихите, како што објави „Бруселс тајмс“, се привремено исцрпени, но постојано ќе се надополнуваат до крајот на Игрите, за да се обезбеди континуирана достапност за спортистите.

Италијанскиот весник „Ла Стампа“ претходно објави дека кондомите веќе исчезнале од селото на спортистите во Кортина д’Ампецо.

Проблемот е дополнително усложнет бидејќи спортистите, пишува Италијанецот Вирџилио, понекогаш земаат кондоми како сувенири или подароци, а некои дури се обидуваат да ги продадат преку веб-страници за производи од втора рака, каде што неодамна се објавуваат реклами со цени што надминуваат 100 евра по пакување, со логото на Олимписките игри и регионот Ломбардија.

Се вчитува...