Олимпик Марсеј пропушти извонредна шанса да се израмни со Монако на делба на првото место во француското првенство, откако „белите“ попладнево одиграа само 0-0 на домашен терен против Тулуз.
Марсеј влезе како голем фаворит, а тренерот Марселињо се реши за офанзивна формација со тројца напаѓачи. Олимпик сепак не делуваше така моќно како вообичаено, се мачеше да искреира шанса за гол, а оние мал број ситуации што домаќините ги созддадоа, не успеаја да ги претворат во победнички погодок.
Тулуз не само што освои бод, туку гостите ја имаа и најубавата шанса на натпреварот, кога од контранапад во судиското продолжение еден нивни фудбалер имаше празен гол пред себе од пет метри, но не ја исконтролира топката.
Монако останува лидер во француското првенство со 11 бода, пред Брест со 10, Ница и Марсеј со по деевет и ПСЖ и Лил со по осум освоени бода во досегашниот дел од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА