Англискиот репрезентативец Анхел Гомес е најновото засилување на Олимпик Марсеј, откако тимот од „Велодром“ успеа да го убеди овој 24-годишен фудбалер да го избере токму Марсеј за следна дестинација во кариерата.
Гомес е производ на младинската академија на Манчестер јунајтед, но тој уште од 2020 година се пресели во Франција потпишувајќи за Лил. Најпрвин мина една сезона на успешна позајмица во Боависта, а во последните неколку години беше клучен играч во тимот на Лил.
Сепак, преговорите за нов договор не вродија со плод, тој летово како слободен играч си замина од доскорешниот клуб. Иако имаше понуди за да се пресели во Премиер-лигата, Гомес на крајот реши да остане во француското првенство и да го облече дресот на гигантот од Марсеј.
Гомес е третото засилување на Олимпик во овој преоден рок откако беа потпишани договори и со младиот Еган-Рајли од Барнли, како и со Факундо Медина од Ленс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

