Олимпик Марсеј го избра наследникот на Де Зерби

Олимпик Марсеј експресно го реши тренерското прашање по заминувањето на Роберто де Зерби, избирајќи го новиот тренер кој би требало да дебитира веќе в петок, на дуелот со Брест.

Поранешниот сенегалски репрезентативец Хабиб Беје ќе биде нов тренер на Олимпик откако ги договори сите детали за 18-месечна соработка со овој клуб. Беје настапуваше како играч за Олимпик Марсеј во периодот од 2003 до 2007 година, а сега го прифати големиот предизвик – да се врати како тренер и да се обиде да го приближи овој тим до врвот на табелата во францускиот шампионат.

Беје до неодамна беше предводник на Рен, доби отказ пред десетина дена, но дури денеска и официјално го потпиша раскинот на договорот со ово француски прволигаш, со што доби зелено светло за потпис со Олимпик Марсеј.

Неговата промоција на „Велодром“ се очекува во текот на утрешниот ден, по што новиот тренер би бил на клупата на Олимпик за дуелот со Брест закажан за петок.

Се вчитува...